Македонските земјоделци сè повеќе се ориентираат кон одгледување лаванда, билка која има голема побарувачка и која држи висока цена на светскиот пазар, пишува Денар.мк

Лавандата се користи за производство на етерични масла, козметички производи, ароматерапија, фармација и гастрономија.

Лавандата е една од најновите култури во Македонија, која започнала со помалку од 30 хектари во 2010 година. Од тогаш, полињата со виолетова боја се проширија, претежно во областа на Гевгелија, Свети Николе и Дојран.