Македонски работници бараат најмалку 1.300 евра за сезонска работа во Хрватска. Сезонската работа во Хрватска станува сè попривлечна за македонските работници, со над 10.000 издадени работни дозволи минатата година, што претставува значителен пораст. Зголемената побарувачка за персонал во угостителството и туризмот придонесе за раст на платите, при што сезонците оваа година не прифаќаат понуди под 1.300 евра месечно, објави Денар. Работодавците се принудени да нудат подобри услови, вклучувајќи сместување и дополнителни бенефиции.
Македонските работници имаат одлична репутација, а многу од нив се враќаат кај истите работодавачи. Очекувањата се дека трендот на зголемен интерес за сезонска работа ќе продолжи и оваа година. Работодавачите во приморските региони сè повеќе се потпираат на странска работна сила, бидејќи локалното население покажува сè помал интерес за сезонски ангажмани.
(ФОТО) Непалски работници кои избегале од Македонија бараат работа во Хрватска!
Со оглед на зголемените животни трошоци и високата побарувачка за работници, сезонците оваа година не прифаќаат понуди под 1.300 евра. Ова значи дека работодавачите мора да понудат поконкурентни пакети, вклучувајќи подобро сместување и дополнителни бенефиции. Сезонска работа во Хрватска е примамлива за Македонците, но и за луѓе од целиот регион.
Извор: Експрес