Франција моментно има околу 5.100 војници во регионот Сахел, во Мали, кој е на првата борбена линија во судирите со исламските екстремисти.
Француската армија од 2013 година ги поддржува силите на Мали, Мавританија, Нигер, Буркина Фасо и Чад во војната која се води во Сахел против екстремистите.
Макрон потврди дека ги предупредил локалните африкански лидери оти Франција нема веќе да ги поддржува земјите во кои нема демократија и во кои стагнираат транзициските процеси, но и дека Франција не планира засекогаш да ги задржи своите војници во Африка.