Пожарникарите сè уште ги гасат чамците што се запалија во марината во Кастел Гомилица кај Сплит вчеравечер. Локалните пожарникари дежурале цела ноќ, а работата не била завршена ниту утринава.

Непријатниот мирис на запалена пластика на изгорени јахти се шири низ Кастела.

Сите  пожарникарски единици од областите Кастела и Сплит беа ангажирани во гаснењето на пожарот.

Пожарникарите од теренот известија дека меѓу нив нема повредени.