Иако се воведени тестови за патниците кои доаѓаат надвор од ЕУ, Франција не планира да воведе тестови во рамките на Унијата, бидејќи се залага за правилно функционирање на заедничкиот простор, изјави синоќа францускиот претседател по состанокот на Европскиот совет во Брисел.
Макрон зборуваше за ПЦР тестовите, но неговата изјава се однесуваше и на тестовите за антигени, соопшти Елисејската палата.
Некои европски земји, како Ирска, Португалија, Италија и Грција, бараат од патниците од другите европски земји, дури и кога се вакцинирани, да покажат негативен тест за Ковид-19.