Францускиот претседател, кој неодамна ја откажа посетата на Мали поради епидемиолошката ситуација, планираше да разговара со властите во Бамако за руската група платеници Вагнер, која важи за блиска до Кремљ.
Француските власти сметаат дека некои членови на таа група почнале да се распоредуваат во Мали.
Кремљ од своја страна соопшти дека Путин го информирал Макрон за работата на „руската дипломатија во зајакнувањето на стабилноста и безбедноста на европскиот континент“.
Москва во петокот презентираше предлози за два договора, кои ги вклучуваат барањата на Русија за намалување на тензиите, пред се поради Украина, а едниот е наменет за САД, а другиот за НАТО.
САД и Европа ја обвинуваат Москва дека распоредува војници на границата со Украина и дека постои можност за воена интервенција, што Русија во неколку наврати го негираше.