-Мораме да се организираме на таков начин што доколку САД направат суверен избор да ја прекинат помошта или да ја намалат, тоа нема да има влијание на теренот (во Украина), рече Макрон на заедничката прес-конференција со шведскиот премиер Улф Кристерсон.

Макрон оцени дека е лесно да се „обвини“ Европската унија за сите тешкотии на француските земјоделци, кои осудуваат одредени обврски од Заедничката земјоделска политика на ЕУ.

Францускиот претседател додаде дека се противи на преговорите за трговскиот договор меѓу ЕУ и земјите од Меркосур од Латинска Америка поради правилата кои не се во согласност со европските и повика на „јасни мерки“ за увоз на пилешко месо и житарки од Украина.