Францускиот претседател Емануел Макрон планира да го посети Берлин на 9 мај, каде ќе се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц, соопшти Елисејската палата.
– Првото патување по инаугурацијата на францускиот претседател ќе биде во Берлин, што уште еднаш ја нагласува силата на француско-германските односи, се наведува во соопштението на претседателската администрација.
Во соопштението се додава дека двајцата лидери ќе разговараат за прашања поврзани со војната во Украина и „предизвиците пред европскиот суверенитет“.