– Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска предупреди на „одговорноста на косовските власти“ за влошувањето на ситуацијата во Косово, по судирите во кои се повредени 30 војници на НАТО.

– Очигледно е дека постои одговорност на косовските власти во сегашната ситуација и дека Договорот кој беше важен и беше потпишан пред само неколку недели не се почитува, истакна Макрон на прес-конференција во Братислава.

Тој ги обвинува косовските лидери за непочитување на Договорот, со кој заврши процесот започнат со европско посредништво, со посебно учество на чешките преговарачи, германскиот канцелар Олаф Шолц, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и Макрон.