По ексклузивната информација на Радио Лидер дека пропадна еврообврзницата од 600 милиони евра која сакаше да ја издаде владата со свој став се огласи и Гордана Димитриеска-Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ. Споед неа ова е најголем доказ дека и во владата има голем раскол и дека нема капетан на бродот.

Нејзиниот Фејсбук статус го преземаме во целост.

Откажана е еврообврзницата од 600 милиони евра, а причина за ова е смената на Министерот за правда кој што не сакал да потпише и без негов потпис понатаму не може да се движи постапката‼️
Ова е најголем доказ дека и во владата има голем раскол и дека нема капетан на бродот.
➖️Како можевте да дозволите ваков срам на државата и да ја оставите без пари?
➖️Кој ќе сноси одговорност за ваков непромислен потег?
➖️Дали намерно ја втурнувате државата во банкрот?
🔴Докторите немаат земено плата а изговор ви е дека ги чекате парите од еврообврзницата. Повеќе од јасно е дека тие пари нема да ги добиеме.
Оставка на цела влада веднаш‼️