Според СВР Тетово, четириесет и тригодишна гостиварка ноќеска (12 април), педесетина минути по полноќ, пријавила дека еден час пред тоа малолетник ја допирал по интимните делови од телото нејзината малолетна ќерка.
Настанот според пријавеното, се случил во дворот пред нивната семејна куќа во Гостивар, каде девојчето било со уште две други малолетници лица, а лицето потоа набрзина го напуштил местото.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.