Според окружната обвинителка на Вестчестер, Мими Рока, иако постојат докази дека настаните опишани од жените навистина се случиле, таа не може да почне кривична постапка против него..

-Во двата случаи, иако обвиненијата и сведоците беа веродостојни, а однесувањето загрижувачко, не можевме да покренеме постапка поради одредени процедури што ги бараат законите на државата Њујорк, наведе Рока во соопштението.

Куомо не ја коментираше оваа одлука, а претходно негираше дека допирал некоја жена на несоодветен начин.

Многу окружни обвинители формираа истраги врз основа на сведочењето на единаесет жени, кои ги обезбеди обвинителката на државата Њујорк Летиција Џејмс.

Куомо во август поднесе оставка на функцијата гувернер.