Малолетно девојче пријавило дека нејзиниот дечко од Кавадарци ја малтретирал и и’ се заканувал.
Полицијата го повика на службен разговор.
„На 29.04.2023 во ОВР Кавадарци извршен е службен разговор со малолетник од Кавадарци по претходна пријава од малолетничка од Кавадарци, со која бил во љубовна врска, дека била малтретирана од него и дека и се заканувал“, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.