На 20.10.2023 во 13:00 часот во с.Желино, тетовско од полициски службеници од СВР Тетово биле лишени од слобода малолетник од с.Копачиндол, тетовско и малолетничка од с.Добарце, тетовско.
Приведени се поради тоа што околу 12:00 часот во Тетово со патничко возило „бмв“ без регистарски ознаки, кое го управувало малолетникот, не застанале на даден знак за запирање од полициски службеник и се обиделе да го прегазат.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.