Синоќа при во тетовска Мала Речица, пронајдени пиштоли, муниција и дрога. Од СВР Тетово информираат дека се уапсени две лица од ова тетовско село.

По претходно преземени мерки и активности, на 20.10.2023 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со полициски службеници од Оделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово, извршен е претрес на дом и други простории кај лицата А.Џ.(25) и Ф.Џ.(26) двајцата од Мала Речица, при што биле пронајдени еден пиштол “Застава” кал. 7,62мм со една рамка со два куршума, еден пиштол “Зораки” 917-Т со рамка без муниција, 23 куршуми разновиден вид и калибар, 35 куршуми кал. 7,62мм, една ќеса со тревкаста материја, една дигитална вага и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.

Во координација на јавен обвинител, против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 и 396 од Кривичниот законик.