Вчeра во 00.20 часот во ЦИК Велес малолетник од Кавадарци пријавил дека во дворот на болницата во Кавадарци бил физички нападнат од страна на лице вработено во ЈЗУ,,Општа Болница“- Кавадарци.
На лице место упатени се полициски службеници од ОВР Кавадарци и во дворот на болницата затекнати се И.А. (32), вработен како болничар, И.А. (33) вработен како обезбедување во болницата и малолетникот кој го пријавил случајот, а утврдено е и дека за време на нарушувањето на јавниот ред и мир биле присутни и други малолетници“, велат од МВР.
ОВР Кавадарци презема мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.