На 09.11.2021 околу 18.15 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од улиците „Филип Втори Македонски“, „Ило Џокановски“ и „Цане Василев“ во Битола, мопед со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетник, удрил во велосипедист М.Р.(73), двајцата од Битола, информира МВР.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил М.Р., констатирани во Клиничката болница Битола.
Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Битола.