На вчерашната седница на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски беше именуван за портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-На предлог на претседателот проф. др. Христијан Мицкоски, а со одлука на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, ја добив честа, но и одговорноста да бидам портпарол на најголемата и најорганизирана партија во Македонија – ВМРО-ДПМНЕ. Благодарност до претседателот и раководството за довербата, напиша тој.

Манасиевски порача дека ова не е само позиција, туку обврска.

-Ќе бидам гласот што транспарентно ќе ве информира, ќе одговара и ќе застанува зад она во што веруваме, а тоа е чесност, отчетност и работа за сите граѓани. Благодарам до сите они кои ме поддржуваат во оваа работа. Се залагаме да работиме што е можно повеќе и да бидеме што е можно поблиску до народот, истакна Манасиевски.