Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

Зоран Башановиќ, екс советникот на Зоран Заев го води ПР тимот на СДС и Филипче.

Пред само неколку месеци, по препорака на Зоран Заев, Венко Филипче оди во Ниш, Србија и остварува средба со Милјан Счекич, човек кој сега е задолжен за штанцање на лажните соопштенија и прес-конференции на СДС.

Станува збор за човек кој работи во српската ПР агенција “Ај медија” (Eye Media), а преку Башановиќ и Зоран Заев е понуден да работи за СДС.

Екс советникот на Зоран Заев, Зоран Башановиќ и Милјан Счекич, се сместени во скопскиот хотел Парк, и оттаму го водат центарот за лаги и манипулации на СДС.

Со ова, се открива вистината за фалименто соопштенијата на СДС и многуте честити српски фрази и споредби во нивната комуникација.

Зоран Заев откако го договори Венко Филипче да биде лидер на СДС, му договори и кој да лаже за него.

Почитувани,

Сега може да знаете кој е изворот на сите навреди, лаги и манипулации.

Во следните денови на прес-конференции ќе ви стане јасно зошто СДС толку многу е опседнато со СНС и со Србија, и кој е Зоран Башановиќ, екс советникот во владата на Зоран Заев.