Герб е најголемата парламентарна група во Собранието. Радев вчера имаше консултации со политичките партии и парламентарни групи од 45-то Народно собрание – ГЕРБ, Има таков народ, БСП, ДПС, Демократска Бугарија и Исправи се, мафијата надвор.
На средбите не присуствуваа двајца лидери на политички партии – Бојко Борисов, премиер во оставка и Слави Трифонов од Има таков народ кој е во изолација поради коронавирус. Борисов според локални медиуми во моментот е хоспитализиран поради хируршка интервенција на коленото. ГЕРБ има 75 пратеници, далеку под потребните 121 глас.