Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска во просториите на Прес центарот на Владата на Република Македонија заедно со шефот на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, Дејвид Гир одржаа прес-конференција по повод објавувањето на Извештајот на Европската комисија за 2023 година.
На своето обраќање Вицепремиерот Маричиќ упати честитки до Комесарот Вархеји и Амбасадорот Гир за нивниот професионален ангажман и посветеност на процесот на подготовка на објективна слика за тоа каде сме ние и каде е секоја земја од процесот на проширување во моментов.
На прес конференцијата вицепремиерот Маричиќ го поздрави и објавениот План за раст на економиите на Западен Балкан, што значи дека со планот за раст ќе биде засилена нашата и регионалната економија, ќе се намалуваат разликите со економиите на земјите членки на ЕУ, ќе се овозможува пристап до европскиот заеднички пазар, и ќе се забрзува интеграција на Западен Балкан во Европската унија.
Вицепремиерот Маричиќ се осврна и на Извештајот кој објасни дека Комисијата, даде објективен пресек на состојбите и напредокот во реформите и ги идентификува областите каде треба да се зголемуваат напорите и да испорачаме повеќе резултати. Во овој контекст тој нагласи дека имаме прогрес во голем дел од поглавјата а нема назадување во ниту едно поглавје и сме со соодветно ниво на подготвеност со вкупна оценка на подготвеност на земјата за 2023 година е „добро ниво на подготвеност“, кој е и солидна и константа неколку години наназад.
Во продолжение на прес конференцијата Маричиќ истакна дека, „Ги прифаќаме укажувањата во извештајот и ги сметаме за важен показател за нашиот напредок, тоа е рефлексија на нашата секојдневна борба за унапредување на општеството, а ние не смееме да дозволиме да ги пролонгираме роковите кои се јасно определени, земјата ги продолжува напорите за ЕУ реформите.
Како вицепремиер за европски прашања и главен преговарач, ја потенцирам констатацијата на Комисијата, која ја споделуваме и ние дека „Владата и администрацијата мобилизираа значајни ресурси и активно учествуваа во скрининг процесот, кој ни ја дава основата за дефинирање на идните реформски приоритети од ЕУ агендата, кои треба да се спроведуваат и за кои неминовно е потребен широк општествен консензус. Во таа насока работиме на подготовка на патоказите за владеење на право, реформите во администрацијата и функционирањето на демократските институции – рече вицепремиерот Маричиќ.
За крај Вицепремиерот Маричиќ посочи дека препораките во Извештајот, како и секоја година, ќе ни користат како основа за спроведување на реформите за следниот период, планот и воопшто процесот на ЕУ интеграција не е само за активностите на Владата, туку за државата. Сè што е наведено во Извештајот на нашата држава и е добро познато и ние силно работиме на решенијата.
Иднина во ЕУ, а не изолација. Тоа е нашата определба.
Ги повикувам сите политички субјекти да преземат одговорност, сите заедно да се покажеме достојни на предизвикот и да го направиме новиот чекор за поблиску до евроинтеграцијата.
Уставните измени се влог за нашата иднина, без да изгубиме ништо.