Многу парада, малку суштина, на штета на македонскиот народ. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вестите на Сител ја искоментира средбата меѓу македонскиот премиер Димитар Ковачевски и бугарскиот Кирил Петков која се случи на 18 месецов во Скопје.

Вели дека секогаш кога ќе треба да се направи чекор напред, Бугарија ќе наоѓа изговори.

-Нас ни треба суштина. Која е суштината? Суштината е дека ние изгубивме неколку преговарачки позиции, Али Ахмети лицитираше таму со нови промени на Уставот, Бојан Маричиќ лицитираше таму дека практично го пуштаат низ вода македонското малцинство во Бугарија итн, изјави Мицкоски.

За екс министерот за надворешни работи, Никола Димитров вели дека кога требало да биде гласен тој молчел.