Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ на својот Фејсбук профил си го споделил гостувањето во Студио 10 на ТВ 24 на градоначалникот на општина Карпош и лидер на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски, па истото го избриша.
Дали со овој потег Маричиќ обелодени дека СДСМ стои зад опозицијата на опозицијата?
По ова, во јавноста се разви дискусија дали дали ГРОМ е алатка на СДСМ?
Инаку, Јакимовски во емисијата обелодени дека размислува да се кандидира за претседател на Македонија.
-Да се биде на одредена функција треба да се има многу искуство. Политичкото искуство е многу битно, а ние немаме политичар кој има доволно долго политичко искуство за една таква позиција. Во Хрватска сите претседатели биле избирани според големото политичко искуство, рече Јакимовски на тв24.
Тој не е сигурен дали ќе има промена на изборниот модел, цензусот, финансирање и собирањето на потписи, но вели дека досега не разговарал со политички фактори, ама од граѓаните добива поддршка за претседателска кандидатура.