Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања денеска заедно со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски учествуваат на Минхенската безбедносна конференција, во чии рамки ќе одржат билатерални состаноци со високи европски државни претставници.

Денешната агенда македонската делегација во Минхен, ја започна со средбата со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ на било разговарано за регионалните предизвици, европската интеграција на двете земји и соработката помеѓу двете земји.

„Западен Балкан нема алтернатива. Европската иднина е цел на сите нас. Затоа на европскиот пат е важно да сме поддршка и помош едни на други и да сме сигурни дека процесот на европска интеграција нема да дојде до застој“, пишува на Фејсбук профил вицепремиерот Маричиќ најавувајќи го потпишувањето на Меморандумот за соработка во рамки на ЕУ процесот во март, неговата со српска колешка Тања Мишчевиќ.

„Знаеме дека пред нас e процес доста сложен и нималку лесен. Затоа соработка која ја имаме со Србија во повеќе области и на сите нивоа, во март со колешката Тања Мишчевиќ ќе официјализираме со потпишување на Меморандум за соработка во рамки на ЕУ процесот, со цел размена на искуства и заедничко дејствување и настапување пред ЕУ“, најави Маричиќ.

На состанокот била поздравена и неодамнешното ратификување на Договорите кои произлегуваат од иницијативата Отворен Балкан, кои како што вели Маричиќ се потврда дека сме подготвени и имаме капацитет, врз темелите на европската пракса и вредности да им овозможиме на нашите граѓани слободно движење на работната сила и на капиталот, две од четирите економски слободи на Европската Унија.

Минхенската безбедносна конференција е водечки светски форум за дебати и дискусии во областа на меѓународната безбедносна политика, на која и оваа година фокус тема е војната во Украина и последиците од неа. Целта на конференцијата е преку стратешки дијалог на учесниците да се изнајдат и промовираат решенија за важните и неодложни безбедносни прашања со кои се соочува Европа во моментов.