Предвидено е да се сретне со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј и еврокомесарот за правда Дидиер Рејндерс. Тема на разговорите ќе биде евроинтеграциите на земјата, реформите во судството и владеењето на правото.
Во Брисел министерот за правда ќе има средби и со вршителот на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот Директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата Михаела Матуела, како и европратениците Тања Фајон и Ирена Јовева од Словенија, Тонино Пицула од Хрватска, Андреас Шудер од Австрија.
Ова втора работна посета на Маричиќ на Брисел оваа година.