Вицепремиерот за европски прашања Маричиќ во вечерашното издание на 360* со Васко Попетревски, дискутирајќи за последните актуелни теми за уставните измени и развојот на околностите, истакнува дека заради изборите во европскиот парламент постојат повеќе причини да се верува дека унијата мора да презентира јасен концепт и дека проширувањето е веќе јасно поставена тема.

…..„ Првенствено, војната во Украина ја натера Европската Унија да размислува постратешки во смисла на нови членки и второ е што кредибилитетот на ЕУ за проширување е веќе сериозно ослабен“. Истакнувајќи ги овие две како главни причини заради кои ЕУ не може да одбегнува да говори кога би било и на кој начин би било наредното проширување, и тоа заради државите од Западен Балкан но и заради Украина.

„Верувам дека е реално да очекуваме дека до 2030 ќе има некаков вид на проширување. Убеден сум дека до 2030 ќе има нови членки. Знаете дека се зборува за реформи на Европската унија на начин како ќе функционира со поголем број на држави членки, но за се` има решение и аналитичарите и правниците и оние кои го познаваат политичкиот систем на ЕУ знаат и свесни се дека е возможно со извесни мали корекции во системот да се овозможи влез на нови членки.“

Вицепремиерот се осврна и на интерните реформи во Европската Унија кои се актуелно прашање: “Знаете дека се зборува за реформи на начин како ќе функционира со поголем број на држави членки, но за се има решение и аналитичарите и правниците и оние кои го познаваат политичкиот систем на ЕУ знаат и свесни се дека е возможно со извесни мали корекции во системот да се влез на нови членки.“