Во државата, ако немате врски – ништо не можете да завршите. Ние сме апострофирани како една од државите со највисок степен на корупција и подмитеност на граѓаните. Во стручната расправа за предлогот на новот кривичен законик ке учествуваат луѓе кои го правеа и претходниот кривичен законик и кои ги знаат сите дупки. Со тоа ги подучуваат адвокатите, односно она што се вика мафија – врзаност на адвокати, судии и обвинители кој што се во повиските кругови. Тоа е рецептот како ке добиете еден предмет, со колку пари и колку брзо тоа ке го направате. Јас сум паталец на судскиот систем. Имам граѓанска постапка која трае 10 години, вели за „Студио 10“ Ѓулистана Марковска.
Ние направивме специјално обивнителство кое имаше средства и пари. Во изборот учествуваа и странци. Имаше и добар кадар. Од еднаш тие луѓе не чинат, додава Марковска.
Кога ќе се охрабри некој од обивнителството за организиран криинал да поднесе пријава и почне акција против носители на власта, тогаш се огласува јавниот обивнител кој вели имате грешка во постапката, врши суспензија на лицата. Тоа значи дека тој што се охрабрил треба да биде казнет. Проблем е кога треба да гоните актулени функцониери бидејки тие тогаш го прават криминалот. Има криминал и во опозицијата, ама тогаш ги факаат, па ги носат во притовор, некои ги носат во Струга, па си уживаат луѓето, вели Ѓулистана Марковска.
Гласањето за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција беше тајно. Тоа значи дека нашето јавното обивнителство е комплетно под капа на власта. Тука нема поделба. Потенцира дека на луѓето им било речено како да гласаат и упатува прашање – што им е ветено за да гласаат.
На луѓето им било речено како да гласаат. А ние очекуваме од нив да водат борба против корупција. Не осудувам никој. Но, целата игра е толку проѕирна што не можеме да го осудиме човекот кој беше одбран. Апсолутно знаел дека ке биде избран. Треба да ги прашате сите оние кои гласале за него, што им било ветено дека ке им биде дадено. Сум растела во држава која била средена и во која постоела висока култура и гледање на нештата. Жалам за она што сега не можеме да воспоставиме ред во државата. Во се погрешивме. Во Македонија толку се заоструваат работите и некои луѓе мислат дека можат се. И оние кои мислат дека тоа што го прават е нормално, потенцира Марковска.