Сопственикот на компанијата Икс, поранешниот Твитер, Илон Маск, на социјалните мрежи објави дека натпреварот во кафез, со генералниот директор на компанијата Мета, Марк Закерберг, ќе се пренесува во живо на платформата Икс.

Двајца бизнисмени и милијардери од јуни се предизвикуваат меѓусебно на социјалните мрежи и најавуваат натпревар во мешани боречки вештини во кафез во Лас Вегас, јавува Ројтерс, пренесува Танјуг.

„Борбата меѓу Закерберг и Маск ќе се пренесува во живо на IX. Сите приходи ќе бидат наменети за добротворни цели за ветераните“, рече Маск во објавата на Икс рано утринава, без дополнителни детали.

Тој претходно на Икс објави дека секој ден „крева тегови и се подготвува за борба“. Кога еден корисник на платформата X праша што е поентата на таа борба, Маск одговори дека тоа е „цивилизирана форма на војна“. А мажите сакаат војна“, заклучи Маск.