Илон Маск, еден од сопствениците на Tesla, е вториот најбогат човек во светот. Позицијата на Маск произлегува од неговата вклученост во технолошки, иновативни и претприемачки потфати.

Податоците собрани од Финболд покажуваат дека од средината на февруари 2024 година, нето вредноста на Маск била пријавена на 198,9 милијарди долари.

Нето вредноста на Маск се одредува според неговиот сопственички удел во различни компании: 20,5% во Tesla, 54% во Starlink, 42% во SpaceX, околу 74% во социјалната мрежа X (поранешен Twitter), над 90% во The Boring Company, 25% во xAI и повеќе од 50% во Neuralink, пишува B92.

Од сите наведени компании, само профитот на Tesla во 2023 година е јавно достапен, кој изнесува 17,66 милијарди долари. Врз основа на неговиот удел од 20,5 отсто во Tesla, Маск заработил 3,62 милијарди долари од компанијата, пишува Hak Review.

Колку е тоа во секунда, на час, дневно, неделно… Значи, тоа е приближно 114,80 долари во секунда, 6.887 долари за минута, 413.220 долари на час, 9.917.280 долари дневно и 69.420.960 долари неделно, а ние зборуваме само за заработка во Tesla…

Извор: BIZLife