Според првичните информации, известувања за подметнати експлозивни направи биле испратени на имејл адресите на 78 основни и 37 средни училишта во белградските општини, соопшти Министерството за образование.
-Екипи на полицијата се на терен, учениците и вработените се евакуирани. Заради безбедност на учениците и вработените, наставата во прва смена беше прекината до завршување на полициската проверка, а некои училишта веќе се проверени и наставата се одвива без проблеми. Училиштата ќе ги информираат учениците и нивните родители за сите релевантни информации за наставата преку редовни канали за комуникација, велат од министерството.
Во комуникација со полицијата, директорите на училиштата ќе добијат информација кога ќе биде извршен увид во училиштето и ќе донесат одлука за попладневната смена.