Истото го пренесува порталот Кумановски Муабети.
–Најдобар градоначалник за Куманово а воедно и најдобар во Македонија голема подршка за нашега Макита и сас среќу нека му е, Наше Куманово има само еден градоначалник Максим и тој ќе ја добие нашата поддршка и за втор мандат, Заедно одиме на победа за втор мандат, За Максим кој е најдобар градоначалник што Куманово до сега го имало, Максо уште малку им остана, ќе си ја вратиме партијата а они ќе дигнат бело знаме се дел од лавината коментари во знак на искрена поддршка кои ги преплавија социјалните мрежи, откако Димитриевски објави дека ќе трча како независен кандидат.
Особено граѓаните бурно реагираа на неговото исклучување од партијата пишувајќи дека СДСМ не е свесна дека со оваа постапка на исклучување на Димитриевски, исклучија и стотици граѓани кои несебично ја даваат поддршката за нивниот градоначалник Димитриевски и ги поддржуваат неговите одлуки и јасен став против едноумието во СДСМ.
–Немаат кредибилитет они да исклучуваат никој од партијата. Сами се тргаме од неа привремено додека трае ова ЕДНОУМИЕ, наскоро ќе мора да има кадровски промени, СДСМ беше демократска партија на сите членови, не домашна на поединци, вели еден од поддржувачите на Димитриевски против интригите и опструкциите со кои се служат поединци во партијата.
Според граѓаните на Куманово, тој што покажал резултати треба да биде награден, а не да се трга,
–Ако покажал резултати во првиот мандат, ако работел чесно за градот и ако е добар градоначалник, а тоа најдобро го знаат кумановци, зошто да не трча за втор мандат. Треба и мора, а ако тоа му смета на некој поголем по чин што Максо е подобар жалам, така се губи и општина и централна власт. СДСМ оди по тој пат.
Покрај масовната поддршката на социјалните мрежи, јавно се изјаснија и повеќе здружение меѓу кои се Здружение на глуви и наглуви од Куманово и Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав Куманово.
–Несебично даваме поддршка на потегот на Максим Димитриевски, кој е сигурен во својата намера да продолжи по веќе започнатиот пат, во насока на развој на демократијата во нашата држава. Ние како Здружение застануваме на страната на Максим Димитриевски и неговиот неуморен тим, кој има една единствена цел, со приоритет, да работи за доброто на своите сограѓани, за подобро утре на сите нас-, велат од Здружението на глуви и наглуви од Куманово.
СДСМ во партиско соопштение објави дека Максим Димитриевски сам се исклучил од партијата со тоа што се кандидирал како независен кандидат за градоначалник на Куманово, на што реагираше Димитриевски велејќи дека тој лично не може сам да се исклучи, напротив, постапка за исклучување на член од партијата носи Извршниот одбор на СДСМ, а потоа и Централниот одбор, што до сега се нема случено. Според ова, логично е дека Димитриевски е се уште член на неговата матична СДСМ.