Во Словенија, маж се заканувал дека ќе се разнесе, а полицијата вели дека станува збор за терористички акт.

Во словенечкиот азил Вич во четвртокот вечерта, радикализиран маж се заканувал дека ќе се разнесе, но специјалната полициска единица го спречила во намерата.

Мажот влегол во зградата околу 23 часот и се заканил дека ќе се разнесе извикувајќи „Алаху акбар“, а според извори на порталот, во автомобил го чекал маж.

Уапсениот е радикализиран државјанин на Словенија. Полицијата го уапсила мажот, по што најавила дека делото ќе го третира како терористичко, објави порталот 24UR. Неделава Словенија привремено го подигна нивото на готовност поради терористичка закана и ја зајакна граничната контрола.

Европа стравува од нов бран на исламски тероризам. Напад неодамна имаше во Франција, но и во Белгија. Терористички напад беше спречен во Италија. Државите членки на Европската Унија(ЕУ) ги засилуваат граничните контроли поради страв од терористички напади.