Мајка (26) од Белград денеска го донела своето шестмесечно бебе во болница. Како што дознаваат српските медиуми, детето има хематоми на главата.

Мајката рекла дека бебето и неа ноќта меѓу 1 и 2 јуни ги истепал таткото на бебето, односно нејзиниот невенчан сопруг во станот на Ѕвездара.

Мајката е испратена на преглед во Ургентниот центар.

На бебето му се констатирани повреди на главата, а на мајката и биле констатирани повреди на градниот кош.

Полицијата трага по осомничен.