Вчера во 17:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај Транспортен центар било пронајдено починато машко лице.
Според пријавата, станувало збор за бездомно лице, на возраст од околу 50-60 години.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.