Засега се знае само дека во парк во близина на железничката станица во Екатеринбург дошло до конфликт и дека според првичните информации тројца мажи се убиени.

Напаѓачот е уапсен, а полицајците морала да употреби оружје за време на апсењето, откако тој се обидел и нив да ги нападне со нож.

Кога полицајците пристигнале на местото на инцидентот, се обиделе да го приведат осомниченото лице, вооружено со нож, но лицето се обидело да ги нападне претставниците на МВР. Полицајците биле принудени да го употребат своето служебено оружје, изјави Валери Горелих, шеф на прес службата на Главната администрација на МВР за Свердловската област.