Екипи на МВР и противпожарните единици од утрово трагаат по лице кое се фрлило во водите на реката Вардар. Мажот скокнал од мостот Близнак на булевар „Србија“ во Скопје.

Коритото на реката го пребаруваат тимови на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Преку Центарот за управување со кризи побараа подршка и ангажирање на спецализираните тимови за пребарување во води од Дирекцијата за заштита и спасување.

Информацијата за случајот е добиена утрово во 6 часот на телефонскиот број 112.