Дамките од крв сведочат за незгодата со трагичен крај. Додека двајцата менувале гума, во нив влетало возило што продолжнило да вози, но потоа возачот пеш се вратил на местото на несреќата.

Еден починат, а еден во болница, е епилогот на несреќата што се случи во раните утрински часови близу приватниот универзитет ФОН. Се започнало пред шест часот утрово на булеварот Киро Глигоров, кога на педесет и тригодишен возач му пукнала гумата од автомобилот„фиат пунто“, па застанал да ја смени, а друг возач, дваесет и деветгодишен, кој случајно минувал со својот автомобил решил да застане и да му помогне. Додека тие се обидувале да ја променат гумата во нив удрил осмунаесетгодишник со иницијали Н.Л. (18) од Скопје, кој управувал со автомобил „форд фиеста“ со скопски регистрации, велат од МВР. Педесет и тригодишниот човек починал на местото, а оној што сакал да му помогне бил пренесен во болницата „Св. Наум Охридски“.

Од полицијата појаснуваат дека автомобилот „форд фиеста“ со кое биле удрени починатиот и повредениот веднаш било пронајдено, оставено на булеварот АСНОМ.

На исто место и истата улица утрово се случи и друга незгода, моторциклист се излизгал на патот, но за среќа освен што го искршил моторот, не е повреден. Инаку овој булевар подолго време се реконструира, ама целиот е со нерамнини и дупки кои може да предизвикаат и пукање на гума.

Инаку, деновиве полициските билтени се полни со сообраќајни несреќи, од нив се извојува и случај со повозрасна жена која вчера како пешак на паркинг на „Партизанска“ ја удриле со возило. Според полицискиот билтен лицето што го управувало возилото ја пренело до нејзиниот дом и си заминало, а попладнето седумдесет и две годишната жена почувствувала болки и отишла на лекар, каде и биле констатирани тешки телесни повреди.