Полициски службеници од ОВР Свети Николе постапуваат по пријава за закани по живот што маж ги упатил кон својата сопруга откако таа го напуштила и се вратила кај своите родители.

Случајот бил пријавен на 02.10.2026 година во 14:30 часот од страна на 29-годишна жена од светиниколско село. Според нејзината пријава, нејзиниот 40-годишен вонбрачен сопруг В.С. од струмичкото село Баница дошол во домот на нејзините родители каде што таа престојувала по напуштањето на брачната заедница и отворено се заканил по нејзиниот живот.

Полицијата веднаш го известила надлежниот јавен обвинител, а по комплетното расчистување и документирање на настанот против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.