Бракот е една од најголемите авантури што двајца луѓе може да ги доживеат во животот. Сите бракови започнуваат со најдобри намери, сепак, честопати се случува брачниот живот да не му обезбеди на партнерот тоа на што се надевал и очекувал.
Судејќи според хороскопот, мажите родени во знакот на Водолија се најмногу склони кон развод. Причината за ова не лежи во неверството, туку во нивната желба за слобода и независност.
Сепак, пријателствот и љубовта се еднакво важни за Водолијата. Понекогаш знаат да идеализираат партнер, но се претежно рационални. Тие вложуваат многу во врската и постојано ја збогатуваат со новитети. Тие не се сентиментални ниту лажливци во врската. Но, претпочитаат пријателство од трајни и обврзувачки заедници.
Честопати им е тешко да се одлучат за брак. Тие не се премногу страствени и не сакаат да се предаваат до крај. Очекуваат партнерот да ги задоволи и да размислува на нивниот начин. Не очекувајте мирна и глатка врска со Водолија. На почеток ќе бидете преплавени од внимание, но штом возбудата ќе помине, ќе бидете отпуштени без церемонија, освен ако не сте доволно паметни да ја претворите љубовта во пријателство.
Иако брачната врска не им одговара, тие сепак трајно се врзуваат, но бараат целосна слобода. Водолиите се многу толерантни кон брачниот другар, но ако им пречи најважното – слободата, Водолијата ќе одлучи да се разведе без многу размислување.
Извор: Индекс.хр