Реал Мадрид со нестварен пресврт, ја победи Рома во Рим со 4:3. Резервите на Жозе Мурињо го режираа пресвртот, со три гола во интервал од само седум минути.

Реал на „Олимпико“ не покажа ништо 80 минути, наспроти Рома која го диктираше ритамот. Рома капитулација си потпиша затоа пшто лошо ги бранеше корнерите во последните 10 минути.

Мечот започна со голот на Де Рон во 20-та минута, а само пет минути подоцна возврати Мбапе на ист начин.

Во првиот дел Рома имаше уште две одлични шанси, но Куртоа го одбрани својот гол. Во второт полувреме, две добри акции на „Волчицата“ завршија со два гола на Мален во 51-та и 57-та минута.

Реал беше немоќен на теренот, се до моментот кога Мурињо започна да менува. На крајот Арда Ѓулер, Еспи и Ендрик го направија пресвртот.

Еспи намали во 83-та минута, откако Голини лошо интервенираше, а тој одбиената топка ја смести во голот. Потоа Ендрик по корнерот на Ѓулер, беше највисок и го изедначи резултатот, а во 90-та минута, повторно по корнерот на Ѓулер, Ридигер го комплетира спектакуларниот пресврт.

Голеада имаше и во Манчестер, но таму доминираше Пари Сен Жермен против Сити. Гостите на крајот победија со 4:2, во меч на кој актуелниот европски првак водеше со 3:0 на полувремето со головите на Дуе, Дембеле и Витиња.

Во вториот дел Ерлинг Халанд постигна два гола за Сити, но тоа беше премалку за Граѓаните да се спасат од пораз.

Резултати:

Рома – Реал Мадрид 3:4 (Де Рун 20′, Мален 51′, 57’/Мбапе 25′, Еспи 83′, Ендрик 85′, Рудигер 90′)

Астон Вила – Фенербахче 6:0 (Манзамби 12′, Џексон 31′, 39′, Баркли 68′, 72′, Абрахам 90′)

Бодо/Глимт – Борусија Дортмунд 1:0 (Сјоволд 52′)

Манчестер Сити – ПСЖ 2:4 (Халанд 53′, 75’/Дуе 13′, Дембеле 15′, Витиња 32′)

Бетис – Порто 3:2 (Езалзули 47′, Ернандез 74′, Иско пенал 84’/Веига 54′, Агехова 61′)

Шахтјор – АЕК 3:1 (Педрињо 34′, Тобијас 80′, Мездоза 86’/Мајер 28′)

Слован – Штутгарт 0:3 (Ундав 29′, Круз 64′ аг, Демировиќ 90′).