Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, потврди дека стапува во битка за Чаир и ја напушта Владата
Коалицијата Вреди попладнево го потврди кандидатот за градоначалник на општина Чаир – Изет Меџити. Актуелниот министер за животна средина и просторно планирање ќе ја напушти функцијата. Меџити преку објава на социјалните мрежи порача дека влегува во битка за Чаир со полна одговорност и уверување дека тоа е вистинскиот пат.
„Од срце – ви благодарам! Претседателството е повик што не можам да го одбијам! Претседателството е обврска што понизно ќе ја исполнам! За Чаир, се согласив да ја напуштам Владата и да се вратам меѓу мојот народ. Верувам и сум сигурен дека го направив вистинскиот избор. Затоа што луѓето од Чаир заслужуваат лидер кој бил, е и секогаш ќе биде меѓу нив, секогаш достапен да им понуди помош и поддршка. Победа. За Чаир. Нека биде за наше добро!“, напиша Меџити, испраќајќи ја пораката на албански јазик.
Со оваа одлука, Меџити започнува формално со кампања. Тој ја напушта владината функција за да се фокусира на битка за Чаир.
Порача дека ќе има директен ангажман со граѓаните. Ќе биде присутен во секој дел од општината и ќе понуди визија за локален развој.