– Физиолошкиот раствор е безопасна супстанција и не постои здравствен ризик за оние на коишто им е инјектирана, изјави во неделата Матијас Пулц, претседател на бирото за јавно здравство на сојузната покраина Долна Саксонија.

Според медиумските извештаи, вработена во центарот во местото Фриесленд испуштила шишенце со физиолошки раствор мешајќи ја вакцината, па тоа се обидела да го прикрие. Вообичаената практика за примена на вакцината на „Pfizer/BioNTech“ е разредување со солен раствор. Жената ја признала својата грешка пред колега, кој во саботата ги алармирал надлежните.

Локалниот функционер Свен Абрози изјвил дека „случајот е многу шокантен“ и дека „веднаш се воведени дополнителни проверки при подготовка на вакцината“.

– Никој повеќе не останува сам со вакцините, па ваквите случаи повеќе не се можни, истакнал тој.

Од германскиот Црвен крст известиле дека за тоа е обвинета медицинска сестра на возраст од околу 40 години и дека се подготвува нејзин отказ.

Полицијата во договор со локалното државно обвинителство започнала истрага дали станува збор за планиран напад и нанесување можна „телесна повреда“.

Се прави проверка на 200 лица кои биле вакцинирале во центарот за вакцинирање на германскиот Црвен крст во Фрисленд минатата среда, за да бидат тестирани на антитела за да се утврди кои шест лица добиле лажна вакцина.