Американските медиуми пренесуваат дека судот во Хонг Конг денеска осуди уште седуммина други активисти под слични обвиненија и им изрече затворски казни до 14 месеци.
Властите обвинија повеќе од 20 продемократски политичари и активисти за минатогодишното бдеење во спомен на жртвите од смртоносниот судир во Пекинг во 1989 година.
Лај (74), основач на затворениот продемократски весник „Епл дејли“, моментално отслужува посебна 14-месечна затворска казна за други пресуди што му беа изречени во текот на оваа година, исто така, во врска со нелегални собири, но во 2019 година.
Тој во четвртокот беше осуден за поттикнување други лица да учествуваат на нелегален митинг во спомен на убиените на плоштадот Тјенанмен во Пекинг.
Американските медиуми пренесуваат дека поранешната новинарка Гвинет Хо и истакнатиот адвокат за човекови права, Чоу Ханг-тунг, се осудени на 12, односно шест месеци затвор, за учество во бдеењето. Десетици други активисти веќе се осудени за бдеењето, од кои повеќето се изјаснија за виновни, вклучувајќи го и познатиот активист, Џошуа Вонг, кој доби 10 месеци затвор за учество во бдеењето.