„Германскиот канцелар Олаф Шолц побара да се прекине сертификацијата на гасоводот „Северен тек 2“. Добредојдовте во новиот свет каде Европејците ќе плаќаат 2.000 евра за илјада кубни метри гас“, напиша поранешниот руски премиер и претседател Дмитриј Медведев на Твитер, пренесен од руските медиуми.
Шолц претходно денеска објави дека Германија презела чекори за запирање на процесот на сертификација на гасоводот „Северен тек -2“, како одговор на последните чекори на Русија во Украина, со признавањето на двата сепаратистички региона за независни држави.