Лидерот на Демократското Движење, Изет Меџити, во вечерашното интервју за Алсат порача Артан Груби и ДУИ да не продаваат магла, туку целосно да ги затворат казината по примерот на Косово и Албанија.

-Иако е влезен со двете нозе во бизнисот со казината на аргументиран начин, почнувајќи од директорот, управниот одбор и од многу други прашања, ние го предизвикуваме да го направи тоа што го направија Албанија и Косово и целосно да ги затвориме казината – рече Меџити.

Тој посочи дека во рок од три години бројот на казината и бројот на обложувалници се мултиплицираат како резултат на политиките на Владата.