„За Предлог-законот за амнестија ние кажавме дека е можен бојкот на Собранието доколку се стави со европско знаменце“ вели пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски во гостување на „Трилинг“.

Претседателот Мицкоски испрати порака преку германски весник и истата беше издржана и сериозна. Мислам дека беше и сериозно примена од претходниот претседател. Сведоци сме за некои комуникации и затоа сме предупредиле навремено. Тие договори можат да бидат на штета на ВМРО-ДПМНЕ и сметам дека тука ќе заврши оваа мала турбуленција, започнува Милошоски.

Милошоски вели дека сега фокусот треба да се стави да падне оваа власт од СДС-ДУИ. За Груевски додава дека веќе Мицкоски бил јасен и ова е затворена тема.

Пораката на Мицкоски беше јасна – нема да дозволи задкулисни игри, дециден е тој.

Тој даде коментар и за Предлог-законот за амнестија.

За Предлог-законот за амнестија ние кажавме дека најава е можен бојкот на Собранието доколку се стави со европско знаменце, додава Милошоски.

Милошоски вели дека Предлог-законот за амнестија е штетен бидејќи таму се опфаќа и ослободување на извршителите на убиството кај Смилковското езеро.