Пратеникот на ДУИ, Изет Меџити за повеќе медиуми изјави дека не ја поддржува оваа Влада. Тој не е присутен на собраниската седница и нема да го даде неговиот глас за избор на новата Влада на Димитар Ковачевски.

Тој не се согласува со кадровските решенија односно со фактот дека Бујар Османи и Артан Груби и натаму се во министерскиот состав.