„Накратко и на албански јазик, биографијата на господинот Џафери ќе се збогати, но животот на граѓаните нема да се подобрува“.
Вака во изјава за ТВ21 рече претседателот на Демократското движење, Изет Меџити, во однос предлогот на Талат Џафери за прв премиер Албанец во Македонија.
Меџити рече дека тоа е направено во договор со македонската страна, како што рече, стравува дека шефот на Собранието автоматски нема да го преземе претседателството, во случај на одолговлекување на изборниот процес.
„Прво, мислам дека ова е во комбинација со македонската страна, затоа што се плашат дека ако се заглават изборните процеси, претседателот на Собранието автоматски да стане шеф на државата, за да не се акумулираат две функции во Албанец, а втората позиција на премиер е земена техничка, па не добиваме политички премиер. Едноставно ќе биде Влада само во функција на организирање на изборите кои мора да следат“, изјави Меџити за ТВ21.