На почетокот на летото, кога ќе им се роди второто дете, семејството ќе се повлече од јавниот живот некое време со цел, како што велат, да поминат квалитетно време заедно и да им се посветат целосно на децата.
Како што откри извор близок до принцот Хари и Меган за „Vanity Fair“, парот има намера ова лето целосно да се извлече од јавниот живот и да помине квалитетно време со своите деца, по раѓањето на нивната ќерка.
Тоа би значело дека 36-годишниот војвода, кој само што ја доби својата прва вистинска работа, ќе го прекине деловниот ангажман за некое време.
– Кога Меган ќе го роди своето второ дете, во текот на летото, и двајцата сакаат да бидат ослободени од сите обврски за да можат да поминат квалитетно време заедно штом девојчето пристигне, открил изворот.