Принцот Хари и неговата сопруга Меган Меркл станаа родители по вторпат.

Имено, според Би-Би-Си, Арчи официјално стана постар брат, а според последните информации, и Меган и бебето се во добра состојба.

– Со голема радост, принцот Хари и Меган, војводата и војвотката од Сасекс, ја поздравуваат својата ќерка Лилибет „Лили“ Дајана Маунтбатн-Виндзор.

Лили е родена во петокот, на 4 јуни во 11:40 часот и е под грижа на лекарите и персоналот во Вилинската болница Санта Барбара во Санта Барбара, Калифорнија – се наведува во официјалното соопштение.